Connect with us

Фудбал

Тешка повреда на Витсел

Денес пристигнаа лоши вести за тимот на Борусија Дортмунд.

Белгискиот играч за врска Аксел Витсел се здоби со сериозна повреда на натпреварот против РБ Лајпциг и за него следи неколкумесечно закрепнување.

Витсел го напушти мечот во 30. минута. Се испостави дека тој ја повредил Ахиловата пета и дека повредата е од потешка природа.

Искусниот играч за врска ќе паузира неколку месеци, и ова е навистина голем удар за играчот, но и за Борусија.

Витсел оваа сезона одигра 15 натпревари за тимот на Дортмунд. Тој не беше во некоја посебна форма, а сега дојде повреда што ќе го оддели од теренот уште долго време.