Connect with us

Фудбал

Тиаго Силва: Нејмар ми е како помал брат, но тој ме навреди во петокот

Бразилската репрезентација во петокот дојде до важна победа во дуелот со Костарика и се наоѓа на чекор до пласман во осмина финалето.

Бразилците се намачија со Костарика, но сепак преку Кутињо и Нејмар во самата завршница од натпреварот дојдоа до 2:0, па сега имаат четири бода и го чекаат дуелот со Србија во последното коло од групната фаза.

„Нејмар ми е како помал брат и се обидувам да се грижам за него, но во петокот ме разочара затоа што ме навреди кога ми вратив една топка. Беше во право, но поради една топка нема да го загубиме натпреварот“, рече Силва.

На прашањето за солзите на Нејмар по последниот судски свиреж во Ст. Петерзбург, стоперот на ПСЖ кој игра со Нејмар во Франција кажа:

„Тој има многу голема одговорност и секако, способен е да ги зема работите во свои раце. Го заслужи тој гол и мислам дека сега нему, а и на сите нас ќе ни биде полесно. Бевме под одреден притисок“.