Connect with us

Фудбал

Тик-Ток скандал ја тресе Италија, соиграчот на Елиф Елмас може да го тужи Наполи поради исмевање (ВИДЕО)

Виктор Осимен му донесе титула на Наполи минатото лето по 33 години пауза, но се чини дека односите меѓу него и клубот се заоструваат. Се започна со „мешањето“ на претседателот Аурелио ди Лаурентис околу неговиот трансфер во Наполи, а потоа продолжи со судир со новиот тренер Руди Гарсија, додека последната капка беше видеото на TikTok.

Да, добро прочитавте, цела Италија зборува за тоа! Поради снимката што ја сподели ТикТок профилот на Наполи по промашениот пенал на Осимен, Нигериецот ги избриша сите фотографии од неговиот Инстаграм кои имаат некаква врска со италијанскиот клуб, а потоа преку својот агент издаде соопштение, поточно предупредување.

„Она што се случи на официјалниот профил на Наполи, „ТикТок“ е неприфатливо. Видеото во кое се исмејува Виктор беше споделено со сите, а потоа избришано. Тоа е сериозен факт што предизвикува сериозна штета на фудбалер кој добива ужасен третман од неговиот клуб, а исто така страда од лажни вести и осуда на медиумите“, објави Роберто Календа во име на својот клиент и најави дека Виктор Осимен може дури и да го тужи Наполи поради ова.

Да потсетиме, Виктор Осимен за време на викендот промаши пенал при ремито против Болоња (0:0), а потоа се караше со тренерот Руди Гарсија за промената (подоцна се смирија), но следните видеа на ТикТок повторно ја уништија врската со веројатно најдобриот играч на Наполи.