Фудбал
Тимо Вернер „падна на земја“ кога слушна новинар како го претстави
Денес се одржа втората последователна трка за Големата награда на Австрија, на која Макс Верстапен повторно славеше.
Верстапен победи пред седум дена на оваа патека, и тоа го стори и овој пат, и тоа многу подоминантно. Ги остави Ботас и Норис зад себе, додека Луис Хамилтон го зазеде само четвртото место.
Трибините на Ред Бул Ринг беа исполнети до крај, а Верстапен имаше навистина фантастична поддршка од холандските навивачи.
На оваа трка имаше многу познати личности, а меѓу нив беше и фудбалерот на Челзи, Тимо Вернер, кој во моментов е на одмор.
Вернер до пред неколку дена играше со Германија на Европското првенство, но откако беше нокаутиран во осминафиналето, конечно доби заслужена пауза по долга сезона.
Германецот ја искористи можноста да ја следи трката во Формула 1 денес, и гостуваше кај Ред Бул Ринг.
Репортерот на „Скај Спорт“ реши да земе изјава од Вернер пред оваа трка, но очигледно таа не беше точно свесна за кого станува збор, бидејќи го претстави како голман
Имено, за време на презентацијата, таа изјави: “Тимо Вернер, голманот на Челзи и германската репрезентација, е со нас. Како си?”
Вернер беше збунет и покрај маската можеше да се види како руменило, а навивачите на трибините сфатија каква грешка направи овој новинар. За кратко време се очекува ова видео да стане хит на социјалните мрежи.
The reporter just called Timo Werner a Goalkeeper? pic.twitter.com/8PxQU8N7cN
— Did Werner miss a good chance (@DidWernerMiss) July 4, 2021