Connect with us

Фудбал

Тинејџер  погоди за Јувентус, Влаховиќ во 98-ма потврди три бода (ВИДЕО)

Јувентус ја совлада Аталанта на гостински терен со 2:0 во пресметка по која тимот од Бергамо се одалечи од пласманот во ЛШ, додека „Старата дама“ е на чекор до целта. Резултатот го отвори тинејџерот, 19 годишниот Илинг Џуниор во 56-тата минута, а победата на потврди Влаховиќ во 98-ма. Вреди да се напомене дека ова за Џуниор беше прв меч како стартер за Јувентус. На претходните мечеви добиваше мала минутажа во вториот дел, или воопшто не влегуваше во игра.