Connect with us

Фудбал

Тинејџерот од ПСЖ е новото засилување во Арсенал

Арсенал го договори трансфер на 17-годишниот играч на ПСЖ, Јакин Адли.

По долги шпекулации за трансферот, денеска е потврдено дека Арсенал постигнаа договор за доаѓањето на овој талентирани играчи од средниот ред на Емирати.

Адли потпиша договор со Арсенал на три години, со можност за продолжување на соработката за уште две сезони.

Тој дојде во редовите на лондонскиот тим како експлицитна желба на тренерот Унај Емери, кој ги следеше неговите настапи за време на клупата на ПСЖ.

Адли одигра само еднаш за првиот тим на француските шампиони минатата сезона. Одигра само седум минути во натпреварот против Каен кој заврши нерешено (0:0), но тоа не пречеше да направи голем трансфер.

Младиот играч од средниот ред ги помина сите младински категории на француската репрезентација, а по потекло е од Алжир.