Фудбал
Тоа е Бундеслигата: Ниту 3:1 во 90. минута не беа доволни за победа
Исклучително ефикасен натпревар одиграа Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Моенхенгладбах во рамките на 12. коло на Германија, за на крајот да биде 3:3.
Иако Ајнтрах имаше водство од 3:1 до 90. минута, на крајот мораше да се задоволи со еден бод, бидејќи гостите со два гола успеаја да израмнат и да избегнат пораз.
Херој на гостите беше Ларс Штиндл, кој ги постигна сите три гола, а со двата споменати во судиското надополнување обезбеди бод за Борусија.
Андре Силва беше двоен стрелец за Ајнтрахт, додека еден гол постигна Баркок на асистенција на Силва.
Ајнтрахт веројатно немаше да си дозволи да ги прими тие два гола ако ги имаше сите играчи на теренот, но во 81. минута Абрахам беше исклучен по вториот жолт картон.
Тимот од Франкфурт е деветти со 14 бодови, додека Борусија има 18 и е на седмото место на табелата.