Фудбал
Тоа навистина им засмета: Фотографиите на Салах на Твитер предизвикаа жестока осуда од Египет
Католиците ширум светот вечерва го слават Бадник, а божиќните фотографии ги преплавија социјалните мрежи.
Многу познати личности решија да им го честитаат Божиќ на своите пријатели, но и на сите оние кои го слават овој празник.
Сепак, во центарот на вниманието беше играчот на Ливерпул, Мохамед Салах, а фотографиите што ги објави на Твитер беа пречекани „на нож“ во Египет.
Имено, познато е дека Салах е од исламска религија и дека таа религија му значи многу во животот, па затоа муслиманите во Египет, но и во остатокот од светот, се изненадени од фотографиите што ги објави.
Тој, неговата сопруга и ќерките решија да го украсат домот со новогодишна елка, а имаа и посебна облека во духот на новогодишните празници. Малку е чудно што Египќаните реагираа толку бурно на фотографиите што носат навистина убава порака и на тој начин тој покажа почит кон земјата во која моментално живее.
— Mohamed Salah (@MoSalah) December 24, 2020