Connect with us

Кошарка

Тодоров: „Само ние со две победи останавме без ЕП“

Разочараност од неуспехот да обезбеди пласман со македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство, и покрај две победи во квалификациите, изрази вечерва селекторот Александар Тодоров.

„Ние сме единствениот тим во овие квалификации кој со две победи не оди на Евробаскетот. Лично, јас сум разочаран, но истовремено сум многу горд на оваа група момци бидејќи навистина успеавме да создадеме еден тим, но овој пат тоа не се покажа како доволно“, изјави Тодоров на прес-конференцијата по натпреварот со Естонија. (86 :84).

Македонските кошаркари останаа без пласман на Европското првенство, откако попладнево не успеаја да ја совладаат Естонија со поголема разлика од девет поени.

„Го загубивме натпреварот во првото полувреме, кога дозволивме многу отворени шутеви на противникот. Потоа се обидовме да направиме нешто како вчера, но тоа не беше доволно. Се обидовме да се избориме за продолжение, но Естонија очигледно ја прочита нашата идеја, па почнаа и намерно да промашуваат шутеви на крајот“, истакна македонскиот селектор.