Фудбал
Тој е подобар од Мбапе и ќе игра за нас
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта даде интересна и дискутабилна изјава за странските медиуми.
Имено, познато е дека францускиот репрезентативец Усман Дембеле е на прагот да ја напушти Барселона и дека раководството не може да најде заеднички јазик со него за продолжување на соработката.
Сепак, претседателот на каталонскиот гигант во изјава за ТВ3 ја уверува јавноста дека Французинот ќе остане на Ноу Камп.
„Имаме многу добри односи со Дембеле и тој сака да остане. Сакаме и тој да остане бидејќи е одличен играч. Воодушевен сум од Дембеле, тој е подобар играч од Мбапе“, изјави Лапорта.
Да потсетиме, договорот на Дембеле со Барса истекува на крајот од сезоната, а за неговите услуги интерес покажаа Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Њукасл Јунајтед.
Оваа сезона Дембеле одигра само четири натпревари за тимот кој моментално го води Чави Ернандез, откако го пропушти почетокот на сезоната поради повреда на коленото.
Што се однесува до Мбапе, тој ќе го напушти Париз на лето со истекот на договорот со ПСЖ и ќе го засили Реал Мадрид, тврди „АС“.