Фудбал
„Тој нè остави, сега ги гледа натпреварите во Лигата на шампионите на ТВ“
Ханс Јоаким Вацке, спортскиот директор на Борусија Дортмунд, зборуваше за Пјер-Емерик Аубамејанг, поранешниот играч на тимот. Напаѓачот веќе две сезони е во Арсенал, но нема играно во Лигата на шампионите со „Топџиите“.
„ Во Арсенал игра добро, и ги покажува своите квалитети. Но, секако дека плаќа за неговото заминување од клубот. Сепак, во вторник и среда тој ги гледа натпреварите во Лигата на шампионите на телевизија, наместо да биде на теренот. Ова секако му недостасува“, рече Вацке.