Connect with us

Фудбал

Топката се одби од Лукаку како од дрво, а фудбалерите на Наполи се прснаа од смеење (ВИДЕО)

Интер во средата му го нанесе првиот пораз на Наполи во оваа сезона во Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна Един Џеко. Фудбалерот од Босна и Херцеговина на тој начин стана херој на натпреварот, а како еден од трагичарите ќе остане запаметен Ромелу Лукаку, партнерот на Џеко во нападот чија кариера е во нагло опаѓање.

Дека ништо не му оди на Лукаку докажува една ситуација од вториот дел од натпреварот. Матео Дармијан со брзо додавање во еден момент се обиде да го проигра Лукаку, но топката како дрво се одби од ногата на Белгиецот и излезе во аут. Тоа го видоа на клупата на Наполи, толку многу играчи на италијанскиот тим се насмеаја. Тие беа фатени на камера.