Connect with us

Фудбал

Торес: Секој натпревар го играм како да ми е последен во кариерата

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес за шпанските медиуми изјави дека не е многу потресен поради статусот на резерва.

– Секој пат кога ќе добијам шанса да излезам и да победам, среќен сум. Не е лесно да се навикнам на тоа во повеќето случаи да бидам резерва, но не престанав да работам и правам се за да го заслужам моето место на теренот, истакна Торес.

Не сум вознемирен што играм помалку. Секој играч треба да знае дека вакви моменти се случуваат во кариерата. Јас го играм секој натпревар за тимот со срце, како да ми е последен во кариерата, додаде шпанскиот напаѓач.

Торес покрај Атлетико, во текот на кариерата играше и за Ливерпул, Челзи и Милан.