Connect with us

Фудбал

Тошевски: Понуда од Вардар не се одбива

Македонскиот репрезентативец Кристијан Тошевски од вчера и официјално е нов играч на Вардар. Тој вели дека не можел да ја одбие понудата од актуелниот македонски шампион и најтрофеен фудбалски клуб во нашата земја.

Од понудите услови сум задоволен, и кога ми стигна понудата, воопшто не размислував. Ја прифатив, и ете сега сум дел од Вардар, од клубот број еден во Македонија. Секој играч во Македонија, посакува да игра за овој тим, и едвај чекам да почнам да играм во нашиот најдобар клуб, изјави Тошевски за клупскиот сајт.

Верува дека Вардар има сили да стигне до трофеј и оваа сезона.