Фудбал
Тотенхем и Арсенал во трка за фудбалерот кој го „запали“ Островот
Фудбалерот на Брајтон, Тарик Лампти (21) е еден од фудбалерите кои во јануари ќе бидат главна мета на Островот.
Арсенал одамна му „фрли кука“ на ова одлично крило, кое ја покрива и позицијата дефанзивец, а има вредност од 18 милиони евра.
Сепак, Брајтон би можел да заработи „богатство“ бидејќи Тотенхем се вклучи во трката и е подготвен да понуди 50 милиони евра.
? Tottenham are ready to challenge Arsenal in the £50 million race for Brighton whizz kid Tariq Lamptey.
(Source: Daily Express) pic.twitter.com/z7nb2FhpyP
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 6, 2022
Секако, ова е повеќе од примамлива понуда за Брајтон, но прашање е што ќе биде со Арсенал во целата приказна, односно дали Топџиите можат да ја израмнат оваа понуда на Тотенхем?
Претходно се пишуваше дека Арсенал ќе понуди 30 милиони за Лампти, сега работите целосно се свртеа.
Инаку, збунетиот фудбалер е дете на Челзи во кој ги помина сите младински категории, а сега би можел да се врати во Лондон, но не и на Стемфорд Бриџ.