Фудбал
Тотенхем побрз од Манчестер Јунајтед, доаѓа Бразилец
Според информациите кои доаѓаат од Англија, Тотенхем од Бенфика ќе го позајми Карлос Винициус, до летото 2021 година со можност за откуп за 45 милиони евра. Договорот е постигнат и се очекува наскоро и официјално Бразилецот да биде промовиран во Лондон. За него беше заинтересиран Манчестер Јунајтед, но во трката излезе побрз Тотенхем.
Претходно Винициус играше за Рио Аве, Монако и Гремио. Минатата сезона за Бенфика одигра 32 меча и постигна 18 голови.