Connect with us

Фудбал

Тотенхем преживеа трилер со седум гола (ВИДЕО)

Тотенхем покажа голема издржливост и успеа да победи со 4:3 на домашен терен против Лидс во 16. коло од Премиер лигата. Тимот предводен од Антонио Конте заостануваше три пати резултатски, но на крајот успеа да стигне до крајниот успех на натпреварот.

Лидс го шокираше Тотенхем во 10. минута кога Брендан Аронсон асистираше за голот на Крисенсио Сомервил.

Тотенхем успеа да израмни по многу скандалозниот гол во 25. минута. Спарс имаа право да изведат корнер, а по центаршутот, двајца лондончани налетаа на голманот на Лидс, Илан Мелие и буквално го втурнаа во мрежата. Тоа го искористи Хари Кејн кој ја испрати топката во празниот гол. Главниот судија на натпреварот не реагираше, а немаше реакција ниту од ВАР судиите на натпреварот.

Лидс го врати водството во игра во 43. минута со голот на Родриго.

Тотенхем го постави резултатот на 2:2 во 51. минута кога Бен Дејвис со удар од работ на шеснаесетникот ја испрати топката во голот на Илан Мелие.

Родриго ја искористи асистенција на Марк Рока и зголеми на 3-2 за Лидс во 76. минута.

Тотенхем израмни во 81. минута кога ударот од далечина на Родриго Бентанкур го остави беспомошен Илан Мелие.

Тотенхем направи пресврт во 83. минута. Дејан Кулушевски одигра многу добро додавање до Бентанкур во шеснаесетникот на Лидс, а Уругваецот по четврти пат успеа да го упати во голот на Мели, реализирајќи го својот втор гол на натпреварот.

Лидс го заврши мечот со играч помалку, откако Тајлер Адамс беше исклучен поради вториот жолт картон во 87. минута.

Тотенхем е трет во привремениот поредок со 29 бодови, додека Лидс е тринаесетти со 15 бодови.

Во другиот дел од колото, Бурнемут го победи Евертон со 3-0, Вест Хем загуби со 2-0 од Лестер, а Нотингем славеше со 1-0 против Кристал Палас.