Connect with us

Фудбал

Тотенхем стави крај на серијата без победа откако денеска убедливо славеше против Стоук

Со убедливи 5:1 попладнево тимот на Тотенхем стави крај на својата серија од четири натпревари без победа, славејќи против Стоук во натпревар од 16. коло од англиската Премиер лига.

Предност за Тотенхем донесе Рајан Шоукрос со автогол во 21. минута, а другите голови паднаа во второто полувреме. Сон Хеунг-Мин зголеми на 2:0 во 53. минута, два пати погоди капитенот Хери Кејн во 54. и 65. минута, а петиот гол за Тотенхем го постигна Кристијан Ериксен во 74. минута. Конечните 5:1 ги постави Шоукрос во 80. минута.

Ова е осма победа за Тотенхем и со 28 поени се наоѓа на петтата позиција на табелата, додека Стоук со 16 поени е на 15. позиција.