Connect with us

Фудбал

Тоти го брани „Специјалниот“: Мурињо не е проблемот на Рома

Иконата на Рома, Франческо Тоти ја прокоментира моментално не многу среќната ситуација во редовите на „Волчицата“ и истакна дека не го обвинува тренерот на тимот, трофејниот Португалец Жозе Мурињо за серијата лоши резултати.

Рома моментно е на шестата позиција во италијанскиот шампионат со 19 бодови во првите 12 кола, а зад лидерот на табелата Наполи, тимот на Мурињо заостанува 13 бодови. Во последните две кола Рома беше поразена од Милан и Рома.

Во Конференциската лига, Рома освои само еден бод на два меча со Норвешкиот Боде Глимт, а на гости доживеа вистинска катастрофа – тимот на Мурињо загуби со 6:1.

„Ако зборуваме дека Мурињо е проблем, тогаш целосно грешиме. Тој не е проблем овде. Ако се соберат сите други тренери во Серија А во моментов, тие немаат толку трофеи како Португалецот. Можеш само да му симнеш капа“, изјави 45-годишниот Франческо Тоти .

„Рома мора да се потпре на него, тој е одличен тренер и мотиватор, менаџер во вистинска смисла на зборот. Тој знае како да води тим, што да каже и прави. Секогаш би сметал на човек со неговиот карактер, мораме да го задржиме со нас“, изјави најголемиот фудбалер во историјата на Рома.

Следниот натпревар тимот од италијанската престолнина го игра следната недела против Џенова на гости во Серија А, а потоа четири дена подоцна во Конференциската лига ќе се сретне со украинската Зорја од Луганск.