Connect with us

Фудбал

Трагедија: Автобус со фудбалери излета од мост, има загинати (ФОТО)

Тажна вест од Бразил. „Глобо“ пренесува дека автобусот со фудбалери на тимот Вила Марија излетал од мост висок десет метри.

Во таа прилика загинале пет лица (во првичните информации се наведува дека загинале четири лица, но потоа медиумите објавија нови извештаи, според кои бројот на жртвите е поголем).

Од урнатините се извлечени 29 лица, од кои 24 се пренесени во најблиската болница.

Сето ова се случи во понеделникот во раните утрински часови, а фудбалскиот тим се враќал од турнир на кој го освоиле првото место.