Connect with us

Фудбал

Трагедија во Бразил: Таткото на Алисон Бекер се удави

Таткото на голманот на Ливерпул, Алисон, Хозе Агостињо Бекер трагично го загуби животот во Бразил.

Хозе се нурна во реката Камаква во Лаврас до Сул и повеќе не се појави на површината.

Потрагата по него започна веднаш. За жал, неговото тело наскоро беше пронајдено и ова е навистина голема трагедија за голманот на Ливерпул и неговото семејство.

Таткото на Алисон беше 57 години, тој беше многу приврзан за неговиот син и сигурно е дека чуварот на мрежата на „црвените“ ќе биде тешко да го поднесе неговото предвремено заминување.

Бразилските екипи изразуваат сочувство на Алисон и неговиот брат Муриел, кој брани за Флуминенсе.