Други спортови
Трагичарот на денот во Сочи ја презеде вината врз себе
Ландо Норис беше одделен само три круга од првата победа во кариерата, но потоа почна да врне на патеката во Сочи за ГН на Русија.
Возачот на Мекларен одлучи да остане на патеката, додека возачите зад него отидоа во боксот и на крајот остана без победа, но и подиум. Тој заврши на седмото место.
„Не знам од каде да започнам. Јасно е дека сум несреќен, депресивен на некој начин. Ја донесовме одлуката да останеме на патеката и остануваме на таа одлука, но тоа беше погрешно на крајот на денот“.
„Одлуката беше моја, исто колку и на тимот. Всушност, тие беа повеќе за влез во бокс, но јас одлучив да останам. Значи, моја одлука. Мислев дека тоа е вистинскиот пат“, рече Британецот.
The moment a first #F1 win finally slipped away from Lando Norris#RussianGP pic.twitter.com/W3ofVyM6Fb
— Formula 1 (@F1) September 26, 2021
„Беше незгодно и едноставно, поради некоја причина, не видовме уште колку дожд доаѓа. Не ми беше кажано тоа, не го знаев и донесов одлука според информациите што ги добив порано, дека дождот ќе остане дожд и нема датрае кратко. Се помина толку добро, па се чувствувам уште полошо“.
„Тоа не е резултатот што го посакувавме. Можев да победам на трката, но јас секако не можам да бидам среќен. Сега тоа е како што е, така помина. Ние ги донесовме одлуките, јас ги донесов одлуките што ги донесов и беше погрешно“, заклучи возачот на Мекларен.
Патем, по трката Норис беше поканет да разговара со судиите поради начинот на кој влезе во боксот, но доби само предупредување па остана на седмото место.