Connect with us

Други спортови

Трагичната смрт на играчот на Едмонтон Оилдерс

Хокеј играчот на Едмонтон Оилдерс, Колби Кејв почина денес на 25-годишна возраст.

Несреќниот хокеарски играч имал излив на мозокот. Неговиот проблем беше циста која вршеше притисок врз мозокот, а по операцијата беше ставен во индуцирана кома.

Сепак, тој почина рано утрово, а оваа вест ја потврди и неговиот тим.

„Со голема тага најавуваме дека нашиот играч Колби почина рано утрово. Сите сме во шок, но знаеме дека нашиот Колби го сакаа сите членови на хокејската заедница”, рече неговата сопруга Емили, цитирана од “Оилдерс”.

Оваа сезона Кејв има одиграно 11 натпревари во НХЛ и има постигнато еден гол.