Connect with us

Фудбал

Трајковски: Никогаш не сме биле толку блиску

Македонската репрезентација вечерва го игра финалниот натпревар од баражот за Светското првенство во Катар против репрезентацијата на Португалија.

Стрелецот на голот против Италија, Александар Трајковски смета дека никогаш не сме биле поблиску до Мундијалот и дека не треба да ја пропуштиме оваа шанса да одиме на Светското првенство.

„Не треба да ја пропуштиме шансата да одиме на Светското првенство. Никогаш не сме биле толку блиску. Македонија ја совлада Италија, актуелниот европски првак. Нашиот тим покажа дека може да победи секого“, изјави Александар Трајковски.