Connect with us

Фудбал

Трајковски промовиран, тој е новата деветка на хрватскиот великан (ВИДЕО)

Александар Трајковски е новата деветка на Хајдук! Искусниот 31-годишен напаѓач  потпиша договор со „белите“ до летото 2025 година со опција за продолжување на уште една година. Во Хајдук пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со последниот клуб Ал-Фајх од Саудиска Арабија.

Трајковски е роден на 5 септември 1992 година во Скопје, а фудбалската кариера ја започна во Цементарница 55. Тој веќе има искуство со играње во 1. HNL откако играше за Интер од Запрешиќ во 2010 година, каде одигра 15 натпревари и постигна четири гола пред да се пресели во белгискиот Зулте Варегем. Следните пет сезони ги помина во елитната класа на белгискиот фудбал, четири сезони во Варегем и една во Мехелен. Во Белгија одигра преку 120 официјални натпревари. Потоа се пресели во Палермо, кој во тоа време се натпреварувал во Серија А, а во Италија остана четири сезони. Тој играше две сезони во највисоката класа на италијанскиот фудбал, а уште две во Серија Б откако Палермо испадна. Тој исто така одигра преку 120 натпревари за италијанскиот клуб, а потоа се пресели во Мајорка. Играше две сезони со Мајорка во Ла Лига и една во Сегунда (втора лига). По епизодата во Шпанија се пресели во дански Алборг, а последните две сезони играше за Саудиска Ал Фајха.