Connect with us

Тајмаут

Трамп најави: Спортот започнува без публика!

Претседателот на Соединетите американски држави Доналд Трамп ја објави можноста за започнување на спортски натпревари.

Иако Соединетите маерикански држави со најмногу случаи на коронавирус, Трамп планира наскоро да ја отвори држава, а спортот веројатно ќе биде тој што ќе се движи кон економско закрепнување.

По средбата со лидерите на спортски организации и сопственици на клубови, тој најави почеток на спортски активности.

„Сигурно е дека спортот ќе продолжи без присуство на публиката. Преносите ќе бидат обезбедени“, рече Трамп.

Секако, спортистите ќе бидат под постојан преглед и заштита и сè ќе биде организирано според посебните упатства на лекарите.