Connect with us

Фудбал

Трамп нека му ја мисли – Рапино е се поблиску до прием во Белата куќа


Меган Рапино повторно постигна голови за САД, а нејзината репрезентација води со 2:0 против домаќинот Франција во второто четвртфинале на Мундијалот во женски фудбал.
Ветеранката во составот на Американките досега има 5 гола на Светското првенство и ќе бие битка и за врвот на листата со најдобри стрелци, а интересно е што е голем критичар на политиката што ја води претседателот на САД, Доналд Трамп.
Дури си имаа и преписка на Твитер, а Трамп по нејзините два гола за триумф против Шпанија за пласман во четвртфиналето напиша дека Рапино и нејзините соиграчки се уште не постигнале ништо и успех ќе биде само златниот медал.
Во таков случај Трамп ќе мора да ја прими и Рапино и целата женска фудбалска репрезентација на САД во Белата куќа и го вети тоа, па би било интересно да се види реакцијата кога тој и 33-годишната фудбалерка ќе се поздрават. Секако САД мора најпрво да ја елиминира Франција, а тој меч е во тек и потоа успешно да мине уште две пречки до нова светска круна.
 
.

Извор: Sportmanija.mk