Connect with us

Тајмаут

Трамп се огласи на Твитер за смртта на Брајант: Ужас

Спортскиот свет и НБА лигата се во шок по веста дека еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант кој имал 41 година, загинал во хеликоптерска несреќа во Калабасас.

По веста за несреќата, на Твитер се огласи и Доналд Трамп.

„Медиумите известуват за смрта на големиот кошаркар Коби Брајант и уште три други лица во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Ужасна вест“, напиша Трамп на Твитер.

Покрај Трамп, на Инстаграм се огласи и Александар Вучиќ

„Бев крајно шокиран од веста за трагичната смрт на Коби Брајант. Тој беше еден од најдобрите кошаркари во светот. За многу деца во Србија тој беше пример на професионален кошаркар. Почивај во мир, Коби“, напиша Вучиќ на Инстаграм.