Connect with us

Фудбал

Трансферот на Артуро Видал е практично завршена работа, тој оди во клубот за кој отсекогаш сонувал

Наскоро ќе заврши кариерата на Чилеанецот Артур Видал во Европа.

Искусниот играч за врска по крајот на сезоната ќе го напушти Интер и како слободен играч ќе премине во редовите на бразилски Фламенго.

34-годишниот играч од средниот ред никогаш не ја криел желбата да се приклучи на бразилскиот тим. Тоа јасно го кажа пред неколку месеци, кога на својот Инстаграм објави фотографија со дрес на Фламенго. Тој објави слична содржина на својот профил на Тик Ток.

Според „Calciomercato.com“, чилеанскиот играч за врска веќе ги одбројува деновите пред да може да го напушти Интер и да се пресели во Фламенго. Неговиот договор со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2023 година, но има многу индиции дека Видал ќе замине една година порано бидејќи со клубот ќе се договори за порано раскинување на соработката.

Неговата годишна плата е дури 9,5 милиони евра нето и Интер ќе добие можност да го олесни буџетот за плати, а на Видал не се смета сериозно во наредните сезони поради доцните години.

Дополнително, во договорот на Видал има клаузула според која миланскиот клуб има опција еднострано да го раскине договорот во јули и да му плати на 34-годишниот четири милиони евра. Се чини дека е решение кое ќе ги задоволи сите страни.

Благодарение на тоа Видал ќе може да замине во својот клуб од соништата, а воедно ќе му овозможи на Интер да заштеди многу.

Видал имаше можност да игра на познатата „Маракана“ минатиот петок, кога неговиот Чиле загуби со 4:0 од Бразил. Играчот од средниот ред на Интер остана на теренот цели 90 минути, но не и помогна на својата репрезентација да оствари позитивен резултат.

Оваа сезона Видал одигра 33 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа четири асистенции.