Фудбал
Тренерот го извадил на полувремето, а Озил шокирал со одлуката: Толку беше, не играм фудбал повеќе, одам во пензија!
Турските медиуми јавуваат дека поранешниот германски репрезентативец Месут Озил одлучил да се пензионира на 35 години. Озил веќе неколку сезони е во голем пад и моментално е член на турски Башакшехир, каде воопшто не е среќен, па незадоволството од полувремето против Кајзериспор (0:1) кулминираше со одлука да се откае од фудбалот. Засега се е неофицијално, но во секој момент се претпоставува дека ќе биде потврдено од Озил и Башакшехир.
Mesut Ozil has reportedly quit football 🥹
How good was this player? 🔥 pic.twitter.com/RC7Aj03tam
— Skores (@skoresofficial) February 3, 2023
Озил вчерашниот меч го започна од првата минута, за на полувремето да биде заменет од Данијел Алексиќ, а наводно Германецот веднаш го напуштил стадионот и нема да дојде на следниот тренинг. Тој ги известил соиграчите и клупските челници дека повеќе не планира да игра фудбал и затоа побарал раскин на договорот кој е со важност до последниот ден од јуни годинава.