Кошарка
Тренерот на Хјустон: Не знаеме кога ќе се врати Вестбрук
Орландо, 20 август 2020 (МИА) – Тренерот на Хјустон Рокетс, Мајк Д’Антони ја коментираше ситуацијата со повредата на Расел Вестбрук. 31-годишниот плејмејкер на тимот има истегнат квадрицепс, што го остави надвор од сметките за првиот дуел од серијата со Оклахома.
– Не знам колку време ќе потрае да се опорави целосно. Добрата вест е дека тој работи напорно и се чувствува подобро. Прерано е да се каже уште колку дена ќе биде надвор од теренот. Никој не знае во моментот, рече Д’Антони пред „USA Today“.
Дури и без Вестбрук, Хјустон немаше проблеми со Оклахома во првиот натпревар и ги победи со удобни 123:108.
Вечерва се игра натпреварот бр.2, а по секоја веројатност Расел нема да учествува во него.