Фудбал
Тренерот на Леванте за Барди: Тој е играч над нормалното ниво на тимот
Тренерот на Леванте, Переира имаше пофални зборови за македонскиот репрезентативец Енис Барди по ремито од 2:2 против Атлетико Мадрид. Токму Барди беше стрелец на двата гола за неговиот тим, двата од пенал, а Переира вели дека тој е фантастичен играч.
-Барди е играч кој е над нормалното ниво на тимот. Тој е фудбалер кој ви покажува нешто различно на теренот, кој ве учи, кој гледа додавање таму каде што никој не може да види, тој е карактер. Барди е добар шутер и од слободен удар од пенал. Во ниту еден момент не сум се посомневал во тоа. Бев многу смирен кога двапати тргна да го шутира пеналот. Беше одважен и со голема самодоверба двапати совлада голман каков што е Облак, изјави Переира.