Фудбал
Тренерот на Милан по поразот од Специја: Не смееме да си дозволиме вака да се брукаме
Прв пораз на Милан на гостински терен сезонава и тоа кај Специја. Катастрофата да биде уште поголема, освен поразот од 2:0 е тоа што лидерот не упати ниту еден сериозен удар во рамките од голот на домашините во текот на сите 90 минути.
– Ова е важна лекција за нас. Сфативме дека ако не одиграме како што знаеме, тогаш ќе се срамиме како на овој меч. Ова не беше Милан кој сакаме да го гледаме и веќе на следниот меч треба да покажеме дека сме се корегирале, изјави тренерот на Милан, Пиоли.