Connect with us

Фудбал

Тренерот на ПСЖ: Нема да биде неуспех ако не ја освоиме титулата

Вечерашните натпревари од 38. коло ја завршуваат фудбалската сезона и во Франција.

Колото пред крајот е голема неизвесност во Лигата 1. Три тима можат да стигнат до титулата, а еден од нив може да заврши без место во Лигата на шампионите.

Лил моментално е водечки тим во шампионатот и со вечерашната победа на гостувањето кај Анжер би ја осигурале титулата шампион, но ПСЖ чека лидерот да не успее да стигне до трофејот со победата на гостувањето кај Брест. Во игра е и Монако, но за тимот од Кнежевството да ја освои титулата, многу работи ќе треба да се совпаднат, а Лион чека нивна грешка, која сепак може да стигне до Лигата на шампионите.

Евентуалната титула во Лил со оглед на финансиската моќ на ПСЖ би била вистинска сензација, но тренерот на моментално второпласираниот тим Маурисио Покетино верува дека нема да биде неуспех доколку неговиот тим не ја освои титулата.

“Кога тим како ПСЖ, кој игра во сите натпреварувања, не победи, тоа е секогаш големо разочарување. Ова е повеќе разочарување отколку неуспех. Зборот “неуспех” е прегласен”, рече тренерот на ПСЖ.

Во пресрет на натпреварите, тренерот на ПСЖ посочува дека на фудбалот секогаш мора да му се верува и верува дека многу сценарија се играат вечерва.

“Во фудбалот секогаш треба да веруваш. Сè може да се случи, но мора да победиме и да бидеме подготвени дека Лил нема да го победи Анже. Одиме на натпревар со мотивација и желба”, рече Покетино.