Connect with us

Фудбал

Тренерот на Унион Берлин дал налог да се донесе Енис Барди!

Тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица, кој до пред извесно време го предводеше Трабзонспор, на раководството на германскиот тим дал налог да купат двајца играчи од турскиот тим,  Енис Барди и Анастасиос Бакасетас. Според турски „Хабер“ во Трабзонспор се уште не пристигнала ниту една официјална понуда, но се тврди дека Бјелица инсистира на трансфер на овие двајца играчи, по што Унион Берлин ќе се обиде да му ги исполни желбите.

Барди не добива голема минутажа во Трабзон, па секако дека сака да замине, а дали во Бундеслигата ќе имаме македонска пресметка по јануари останува да се види. Како што е познато пред неколку дена за Лајпциг потпиша Елиф Елмас.