Connect with us

Фудбал

Тренерот на Унион Берлин предизвика вистински скандал, удри ѕвезда на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица предизвика вистински скандал во Германија, откако синоќа во заостанатиот натпревар од 13.коло во Бундеслигата ја удри ѕвездата на Баерн, Лерој Сане.

Тоа беше на мечот меѓу Баерн и Унион Берлин во Минхен, а Бјелица беше исклучен бидејќи го удри Сане во 74. минута од натпреварот.

Германската јавност веднаш „удри“ по Бјелица, а Хрватот уште повеќе ги налути бидејќи по мечот не сакаше да му се извини на Сане и рече дека не сака ни да разговара со него, а објасни и зошто.

-Бев во својот простор, сакав да ја земам топката и да му ја дадам на Сане. Тој ме оттурна и секако потоа реагирав. Тој дојде да ме испровоцира во мојот простор“, изјави Бјелица.