Connect with us

Фудбал

Тренерот на Верона по големото реми со Јувентус: Реагирав бурно затоа што ме навредуваа бидејќи сум Балканец

Верона на гостувањето во Торино освои бод, а Јувентус може да биде и среќен бидејќи со голот на Кулушевски се спаси од пораз. Тренерот на гостите Иван Јуруќ по мечот изјави.

-Нашата екипа е преполна со млади таленти, но без разлика што игравме со најдобриот состав во државата, покажавме одличен дух и игравме како во транс, вели Јуриќ.

Но, новинарите ги интересираше зошто бурно реагираше на провокациите од страна на фудбалерите на Јувентус.

-Ме навредуваа бидејќи сум Балканец, го исмејуваа моето потекло и морав да одговорам, изјави Јуриќ, кој е од Хрватска.