Connect with us

Фудбал

Тренингот на Хрватска го пропуштиа три важни играчи

По вистинска драма и пенали, Хрватска ја победи Русија и се избри за полуфинале на Светското првенство во кое ќе игра против изборот на Англија.

Англија, дефинитивно ќе биде најтешкиот тест за избраниците на Далиќ.

Имено, хрватските медиуми велат дека тренингот го пропуштиа три исклучително важни играчи. Се работи за голманот Даниел Субашиќ, дефанзивецот Дејан Ловерен и Шиме Версајко.

Се чини дека натпреварот против Русија го зеде својот данок. Субашиќ се пожали на повреда во последниот натпревар на самиот крај, додека Версајко теренот го напушти во првото продолжение.

Сепак, засега нема вести дека Субашиќ и Ловрен се посериозно повредени, но има шпекулации дека Версајко нема да биде подготвен за натпреварот против Англија.

Натпреварот помеѓу Хрватска и Англија се игра утре со почеток во 20:00 часот.