Фудбал
Третолигаш го исфрли Атлетико од Купот на Кралот!
Шпанскиот третолигаш УЕ Корнела подготви сензација во третото коло од Купот на Kралот, бидејќи беше подобар од актуелниот лидер на табелата во Ла Лига – Атлетико Мадрид – на домашен терен во Корнелија де Ллобрегат.
Третолигашкиот клуб славеше со резултат 1:0, за големиот неуспех на тимот на Диего Симеоне.
Хименез го постигна решавачкиот погодок во 7-та минута. Се очекуваше фаворизираните гости да трескаат, но тоа не се случи. Тие го завршија натпреварот со играч помалку по исклучувањето на Рикардо Санчез.
Нема сомнение дека играчите на Корнела засекогаш ќе го паметат овој триумф и ќе ја продолжат бајката, додека Атлетико останува Ла Лига и Лигата на шампионите.
La Liga leaders Atletico Madrid are knocked out of the Copa del Rey by third-division side UD Cornella ? pic.twitter.com/2NOiaoUGUH
— B/R Football (@brfootball) January 6, 2021