Connect with us

Фудбал

Третото засилување за Јунајтед доаѓа – Мурињо објави детали

Манчестер Јунајтед имаше сезона која секој сака да се заборави. Многу веруваат дека наредната ќе биде последна за Мурињо кога ќе се обиде да го врати клубот на старите патеки.

Ги засукаа ракавите и сега е време за вистинска работа. Досега ангажираа двајца фудбалери како засилување, а доаѓаат и вести за трето засилување.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за 19  годишниот напаѓач Денис Ман.

„Манчестер Јунајтед ме праша за Денис и јас сакам 30 милиони евра. Знам дека нема да ја платат оваа сума, но фудбалерот не е на продажба“, изјави Бакли.

Според романските медиуми, Мурињо вчера бил во Романија каде имал преговори.

Останува да видиме како ќе се заврши оваа работа. За црвените ѓаволи ова ќе биде едно од нај тешките работни лета.