Ракомет
Три бода за Прибак и Манасков
По победата во Скопје над Металург, Прибак и соиграчите стигнаа до нови бодови откако со 29:27 го победија домашниот тим на Чеховски медведи. Поранешниот ракометар на Вардар постигна два гола од три обиди, но имаше и неколку одлични асистенции до соиграчите
Репрезентативците на Македонија, Немања Прибак и Дејан Манасков, забележаа нови победи во Лигата на шампионите со екипите на Бешикташ, односно Веспрем.
По победата во Скопје над Металург, Прибак и соиграчите стигнаа до нови бодови откако со 29:27 го победија домашниот тим на Чеховски медведи. Поранешниот ракометар на Вардар постигна два гола од три обиди, но имаше и неколку одлични асистенции до соиграчите.
Манасков немаше позначајна улога во тимот на Веспрем при победата во Белорусија над Брест Мешков од 26:29. Македонскиот крилен ракометар не се запиша меѓу стрелците, а најефикасен во редовите на унгарскиот гигант беше Лекаи со седум погодоци.