Фудбал
Три кандидати за клупата на Барселона
Раководството на Барселона веќе има кандидати подготвени за клупата доколку не продолжи соработката со Кике Сетиене.
Сетиен разочара многумина од доаѓањето на клупата на одличниот каталонски наместо Ернесто Валверде. Тој ја загуби титулата шампион на Шпанија, тимот играше очајно и се повеќе луѓе почнаа да зборуваат за неговото заминување.
Тоа би можело да се случи ако Барса не успее да ја освои Лигата на шампионите, а судејќи според шпанските медиуми, раководството на екипата од „Камп Ноу“ веќе има три потенцијални замени.
Тоа се Маурисио Почетино, Марчело Галардо и Гарсија Пимиента, па многу лесно може да се случи еден од нив да го видиме многу брзо како нов тренер на Барса.
Сетиен сигурно ќе беше спасен со освојување на Лигата на шампионите, но веќе во четвртфиналето на ова натпреварување пред Барса е голем предизвик во форма на Баерн.