Connect with us

Фудбал

Тричковски го продолжи договот со АЕК, имал разбирање за финансиската состојба

Македонскиот интернационалец Иван Тричковски останува во АЕК Ларнака, соопшти кипарскиот тим на својата интернет страница. Како што соопшти клубот Тричковски имал разбирање за финансиската ситуација, предизвикана поради Ковид 19 и одлучил да ја продолжи соработката.

Тричко во АЕК Ларнака е од пред четири и пол години. Одиграл 163 мечеви за тимот, постигнал 67 голови во првенството, 10 во Купот и 20 голови во европските настапи, па поради тоа е најдобар стрелец на АЕК Ларнака на европската сцена.