Connect with us

Фудбал

Трогателно видео: Тренер пред мечот остана без сопругата, во солзи ги крена рацете кон небото и порача-Ова е победа за неа!

Индипеденте со победа над Естудијантес по пеналите се пласираше во полуфиналето на аргентинскиот Лига Куп. Со одличните изведувања на ударите од белата точка, овој тим славеше во Ла Плата со 4:1. Мечот беше посебно емотивен за тренерот на Индипеденте Хулио Фалкони. Пред само неколку дена почина неговата сопруга со која бил во брак 46 години. Никој не очекуваше дека ќе биде на клупата на својот тим за овој меч. Сепак, тој собра сили се појави на мечот и победи. Реакцијата негова после мечот доволно зборува сама по себе.