Connect with us

Фудбал

Целата Франција чека вести: Што се случува со Мбапе

Љувителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат утрешниот судир на „титаните“, полуфиналниот дуел од Мундијалот помеѓу Франција и Белгија.

Очекувањата на навивачите, на двете селекции се големи, а симпатизерите на „Триколорите“ имаат голема надеж во младата ѕвезда Килијан Мбапе.

Мбапе во осмина финалето против Аргентина го покажа сиот свој талент, а слична игра од него, Французите очекува и против Белгија.

Сепак, веста која ја загрижи села Франција пристигна од Ст. Петерзбург.

Имено, Килијан Мбапе не го одработи последниот тренинг пред натпреварот со Белгија. Поточно, младиот Мбапе воопшто не се појави на тренингот на екипата.

Дешамп по тренингот изјави дека ниту еден од играчите не е под знак прашалник пред дуелот со Белгија, меѓутоа се појави страв кај Француските навивачи затоа што нема информација зошто Мбапе го пропушти последниот тренинг.

Не е познато дали Мбапе заработи некоја повреда или Дешамп го поштедил од тренингот за добро да се одмори за натпреварот против Белгија, но сигурно е дека сите љубители на фудбалот се надеваат дека се е во ред со Мбапе.