Други спортови
Циципас: Кога сте долго во изолација почнувате да разговарате со предмети и да губите здрав разум
Стефан Циципас во видео што го постави на Јутјуб каналот, кажа дека карантинот поради пандемијата од коронавирусот му паѓа тешко.
„Што правам во карантин? Читам книга. Се обидувам да се образувам, но и да одржам форма. Сепак, имам чувство дека добивам на тежина и тоа навистина се случува. За некои работи не расудувам нормално, како да губам разум. Наредните неколку недели ќе бидат пресудни за мене“, порача Циципас кој последниот меч на АТП турот го одигра против Новак Ѓоковиќ на 29 февруари.
Со семејството не е поради, како што рече, недоразбирање.
„Се осамив. Такви работи се случуваат кога сте долго во изолација. Почнувате да разговарате со предмети и да губите здрав разум. Ако се прашувате зошто не сум со семејството, тоа е поради кавгата, пред неколку дена и едноставно се разидовме. Сè уште ги сакам и понекогаш сакам да ги видам, но секогаш е стресно да се биде со нив. Затоа решив да бидам сам“, потенцира Циципас.