Ракомет
Црна Гора и Франција изборија пласман во четвртинфалето од женското Светско ракометно првенство
Црна Гора и Франција изборија пласман во четвртфиналето на женското Светско ракометно првенство кое што се игра во Германија.
Црна Гора во осминафиналето беше поуспешна од Србија со 31:29, додека Французинките славеа над Унгарија со 29:26. Овие две репрезентации ќе играат меѓусебе во четвртфиналето.
На дуелот меѓу Црна Гора и Србија најефикасна беше ракометарката на ЖРК Вардар, Јованка Радичевиќ која постигна 10 голови.
Вечерва од 20:30 часот се играат уште два осминафинални натпревара меѓу Шведска – Словенија и Германија – Данска.
Утре се играат другите осминафинални дуели Романија – Чешка, Јапонија – Холандија, Шпанија – Норвешка и Русија – Јужна Кореја.