Connect with us

Кошарка

Црвена Ѕвезда доведе ново засилување

Белградска Црвена Ѕвезда официјално објави дека Чарлс Џенкинс потпиша договор на две години со клубот.

Џенкинс, кој е миленик на белградската публика, се враќа по трет пат во овој клуб, откако последните две години настапуваше за Химки Москва. Во Русија, Џенкинс бележеше во просек по 6.9 поени, 2.8 скокови и 1.2 асистенции.

30-годишниот Џенкинс претходно настапуваше за Црвена Ѕвезда во периодот 2013-2015 и 2016-2017, во кое време освои по две титули во АБА лигата и српскиот шампионат, а во 2017-та година беше прогласен и за МВП на финалето во АБА.

Извор: Дриблинг