Фудбал
Тухел дебитираше на клупата на Челзи: Реми на првиот натпревар на Тухел
Фудбалерите на Челзи вечерва одиграа натпревар без голови против Вулверхемптон, а Томас Тухел дебитираше на клупата на „сините“.
Тухел беше избран за нов тренер на Челзи пред неколку дена откако Френк Лампард доби отказ, но во своето деби не успеа да победи против Волците.
Челзи имаше неколку одлични шанси вечерва, но топката едноставно не влезе во голот. Сините се заканија во 15-та минута преку Хаверц, но Патрисио брилијантно го одбрани неговиот удар.
Во 39-та минута, Рудигер исто така имаше голема шанса да шутира со глава, но Патрисио добро се одбрани и овојпат. Во следниот напад гостите се закануваат и преку Дендонкер, кој шутираше над голот на Челзи.
Челзи ја имаше иницијативата во второто полувреме, но не успеа да го совлада Патрисио. Голманот на Вулверхемптон беше брилијантен и тој е најзаслужен за фактот дека неговиот тим вечерва успеа да освои бод.
По ова реми Челзи е осми со 30 бода, додека Вулверхемптон е на 13-та позиција со 23 бода.