Connect with us

Фудбал

Тухел доби отказ, но ги наполни џебовите до врв!

Неколку месеци откако ги однесе парижаните до финалето во Лигата на шампионите, германскиот тренер е принуден да ги спакува куферите.

Иако беше отпуштен, Тухел ќе наплати добро за напуштањето на Париз затоа што ПСЖ ќе му исплати дури седум милиони евра за преостанатите шест месеци од договорот.

Патем, ова не е ни приближно до бројката што ПСЖ му плати на Лоран Блан пред четири години кога Французинот беше отпуштен.

Блан потпиша нов двегодишен договор во јуни 2016 година, а беше отпуштен неколку месеци подоцна, а на крајот му беа исплатени дури 22 милиони евра.